Русија-Жена одговорна за нападот во Волгоград

Железничката станица во Волгоград

Жена бомбаш самоубиец го активирала експлозивот пред влезот на железничката станица во Волгоград, која била полна со патници. Во нападот загинаа најмалку 18 лица, а десетици се повредени. Се уште никој не презема одговорност за нападот, но чеченскиот лидер на бунтовниците Доку Умаров повика на спроведување напади на зимските олимписки игри во Сочи.