Израел ќе ослободи 25 палестински затвореници

Палестинските граѓани ги пречекуваат затворениците

Израел ќе ослободи 25 палестински затвореници со цел да се олеснат мировните преговори меѓу двете земји. Според властите, затворениците отслужувале од 19 до 28 години затворска казна за убиство на Израелци. Тие биле уапсени пред почетокот на мировните преговори во 1993 година. Ова е трето ослободување на затвореници откако преговорите беа обновени во јули поради силниот притисок од САД .