Над сто дилери уапсени во Србија

Српската полиција уапси 126 луѓе кои се осомничени дека се дел од нарко мафијата, соопшти српскиот вицепремиер Александар Вучиќ. Во рамки на акцијата за разбивање на нарко групи и апсење нарко дилери, српската полиција изврши претрес во над илјада објекти на целата територија на Србија. Операцијата „Гром-1“ почна утринава во 4 часот и 30 минути по локално време. Претходната операција против нарко мафијата, „Гром“, беше спроведена на 6 декември. Во рамки на акцијата беа уапсени 274 лица и запленети 21 килограм наркотици