Три брода заглавени во мраз на Антарктикот

Илустрација.

Кинескиот мразокршач „Снежниот змеј“, што се обидуваше да стигне до рускиот брод „МВ Академик Шокалскиј“ кој е заробен во мраз на Антарктикот, и самиот е блокиран од големиот морски мраз. Тоа е третиот брод кој остана заробен во мразот. Претходно се заглави и еден француски брод. Се очекува утре во областа да пристигне австралиски брод и да се обиде да се пробие. На рускиот брод има 74 патници, меѓу кои и научници и туристи, повеќето од Австралија. Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека на бродот има 22-члена руска посада. Експедицијата се обидуваше да го следи патот на Антарктикот што го поминал австралискиот истражувач Сер Даглас Мејсон пред еден век.