Египет - судири меѓу полицијата и муслиманското братство

Египетските безбедносни сили се судрија со подржувачите на забранетото Муслиманско братство во Каиро. Во судирите кај Самалут, на југот на земјата, пак најмалку едно лице е убиено. Се јавува дека полицијата употребила солзавец против студентите на Ал-Азхар Универзитетот во Каиро.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека 147 луѓе биле уапсени за време на протестите на подржувачите на Муслиманското братство, кое е прогласено за терористичка организација.

Муслиманското братство, партија на соборениот исламистички претседател Мухамед Морси, најави нови протести поради оваа одлука. Египетските власти сметаат дека, по соборувањето на Морси во јули, зад зголемениот бран немири и напади стојат исламските милитанти.