Египет: пет лица загинаа во експлозија

Египетски официјални претставници соопштија дека во експлозија што се случила во автобус во Каиро загинале пет лица. Експлозијата се случи во моментот кога властите опколија членови на Муслиманското братсво по прогласувањето на оваа организација за терористичка. Најмалку 16 осомничени беа уапсени во провинцијата Шаркија за наводна дистрибуција на летоци.