Кина упати протестна нота до Јапонија

Кина вчера го повика амбасадорот на Токио упатувајќи му остар протест поради посетата на јапонскиот премиер Шинзо Абе на контроверзниот храм. Официјалната новинска агенција, Ксинхуа го цитираше кинеското Министертсво за надворешни работи каде што вели дека посетата ја слави „историјата на воената агресија“. Посетата на Абе на Јасукуни храмот ги подигна и онака нараснатите тензии меѓу двете земји поради спорните острови во Источното кинеско море. Се верува дека Јасукуни е гробница на над 2,5 милиони жртви од Втората светска војна.