Грчки војници повтoрно на границата со Албанија

Грција од први идниот месец ги враќа војниците за да ја чуваат граница со Албанија. Како што пренесуваат албанските медиуми, ваквата одлука Атина ја донесла по инцидентот што се случи неодамна во регионот на Преспа, кога еден грчки граничен полицаец и двајца албански државјани загинаа во меѓусебна престрелка, како и поради се почестите обиди за шверц на дрога. Грчките војници прво ќе бидат распоредени во Преспа, а веднаш потоа припадници на армијата ќе бидат лоцирани низ целата граница, долга околу 600 километри.