Втор ден протест на „Пластичарска“ во Скопје

Скопската улица позната како „Пластичарска“ веќе два е блокирана од луѓе кои протестираат дека ЕВН им ја исклучила електричната енергија. Од ЕВН пак, велат дека станувало збор за дефект од преоптоварување на трафостаницата која го снабдува со струја регионот. ЕВН апелира до граѓаните да ги смират страстите и да се дозволи поправка на дефектот. И во почетокот на месецов на истата улица дојде до блокада откако, тамошните корисници останале без струја поради неплатени сметки.