Мизо очекува 760 милиони евра извоз од зоните

Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо изјави дека очекува преку 760 милиони евра да биде извозот што до крајот на годинава ќе го реализираат компаниите-инвеститори кои моментно работат во технолошко-индустриските развојни зони „Штип“, „Скопје 1“ и „Скопје 2“.
Бројот на вработени во зоните годинава достигна 2.500 за разлика од лани кога беше 1.270. Проекцијата за 2014, само од постоечките капацитети, е 3.500 вработувања.