Косово потрошило милион евра за дијалогот со Србија

Косовските официјални лица на дијалогот со српските официјални претставници во Брисел досега потрошиле милиони евра од косовскиот буџет.

Според приштинскиот весник Зери, од почетокот на март 2011 година кога почна дијалогот, членови на работни групи заедно со бројни соработници заедно добивале по сто евра дневно за трошоци за храна.

За оваа година косовската Влада за трошоци за дијалогот во Брисел издвоила 800.000 евра додека во мај 2011 година биле издвоени 541.000 евра, наведува весникот.