Блокирана рута за снабдување на НАТО

Стотици членови на пакистанските партии Техрик а Инсаф и Џумат-е-Ислами, поради американските напади, го блокираа патот во Куета кој служи како рута за снабдување на НАТО силите.
Радио Слободна Европа - Радио Maшал јави дека 200 до 300 демонстранти, меѓу кои и припадници на други радикални партии го блокирале патот кај пограничниот град Чаман.