Кина одбележува 120 години од раѓањето на Мао

Кинеската Комунистичката партија ја одбележува 120-годишнината од раѓањето на Мао Це Тунг, контроверзниот основач на Народна Република Кина. Претседателот Кси Јинпинг и уште шест други високи претставници на Комунистичката партија, вчера го посетија мавзолејот каде што е сместено балсамирано тело на Мао. Мао владееше со Кина 27 години пред да почине во 1976 година. За време на неговото владеење, околу 40 милиони Кинези загинаа од неговите катастрофални кампањи, вклучувајќи ги и „Големиот скок напред“ и „Културната револуција“. Во минатото, Комунистичката партија изјави дека Мао бил „70 проценти во право, а 30 проценти грешел.“