Во експлозија загинаа шест Авганистанци

Најмалку шест луѓе загинаа, а 13 се ранети во вчерашниот напад во провинцијата Логар во источен Авганистан кога експлодира бомба поставена на велосипед во близина на полициски пункт во градот Пол-е Алам, соопштуваат официјални претставници. Американската амбасада во Кабул, пак, соопшти дека во комплексот на амбасадата вчера наутро паднале две гранати, но оти во нападот нема жртви. Талибанците соопштија дека испукале четири гранати кон амбасадата.