Ирански пратеници го возвраќаат ударот

Околу 100 ирански пратеници бараат од владата да се воведе закон со кој ќе се зголеми збогатувањето на ураниум на 60 проценти, доколку бидат наметнати нови меѓународни санкции врз земјата. Не се знае кога Собранието ќе го разгледа предлог-законот.

На предложената мерка се гледа како на одмазда за законот кој минатата недела беше изгласан во американскиот Сенат. Законот овластува нови санкции ако Иран не го почитува договорот за неговата нуклеарна програма потпишана во Женева минатиот месец. Според договорот Иран се согласи да се ограничи збогатување на ураниум на 5 проценти, да ги неутрализираат своите резерви од 20 отсто збогатен ураниумот во замена за олеснување на некои санкции.