Муслиманското братство продолжува со протестите

Муслиманското братство ќе продолжи со протестите и покрај забраната. Братството протестира од соборувањето на претседателот Мохамед Морси, на 3 јули. Претходно египетската влада го прогласи Муслиманското братство за терористичка група. Ова го соопшти министерот за високо образование Хосам Еиса. Египетските власти го обвинуваат Муслиманското братство за серијата напади во земјата, кои зачестија по соборувањето на претседателот Морси, кој е припадник на Братството.