Ердоган: Владата е цел на меѓународен заговор

Реџеп Таип Ердоган, Анкара, 25.12.2013

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган во обраќање пред локалните лидери на неговата владејачка Партија на правдата и развојот, се огради од министрите кои денеска поднесоа оставки, потенцирајќи дека партијата „останува решителна во борбата против корупцијата“.
Слично како и при антивладините протести во јуни годинава, Ердоган уште еднаш оцени дека неговата Влада е цел на „меѓународен заговор, во кој учествуваат медиумите и банди од Турција“.
- Има медиумски институции, организации и банди во Турција, кои мислат за странски интереси, а не за интересите на сопствената држава и работаат како шпиони, посочи Ердоган.