Напади врз амбасада на САД во Кабул

Американската амбасада во Авганистан изутрината била цел на индиректен напад. Соопштено е дека во нападот кој бил извршен со минофрлачки оган немало повредени. Талибанците претходно соопштија дека истрелале четири гранати врз амбасадата и оти притоа имало големи број жртви.