Ким Јонг Ун - Mоже да избувне војна без најава

Лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун изјавил дека неговата војска ја зацврснува својата подготвеност и оти војната може да избувне без да има било каква најава. Овој коментар на Ким го објавија Северно корејските државни медиуми.Постои загриженост за стабилноста на Северно Корејскиот режим откако Ким нареди егзекуција на неговиот тетин и поранешен политички ментор Јанг Сонг изминатиов месец. Во вторникот САД објавија сателитски снимки на кои има индиции дека има нови активности кај нуклеарниот реактор во Северна Кореја. Овој реактор беше затворен во 2007 година во рамки на меѓународниот договор за откажување од производството на нуклерано оружје.