Соренсен: БиХ самата себе си се казнува

Специјалниот претставник на Европската унија за Босна и Херцеговина, Петер Соренсен изјави дека БиХ самата себе си се казнува со заостанувањето зад соседите во европските интеграции, поради неспроведувањето на меѓународната пресуда Сејдиќ-Финци, со која треба да се укине дискриминацијата во изборниот процес.
„Ги поттикнуваме сите страни кон пронаоѓање решение за спроведување на пресудата, која се однесува на укинување на дискриминацијата при изборот на членови на Претседателството и на Домот на народите на БиХ, бидејќи тоа е преостанатиот услов за БиХ да може да тргне понатаму во процесот на европските интеграции“,порача Соренсен.