„Македониум“ доби признание од Унијата на албанските новинари

Електронскиот весник „Македониум“ е добитник на признанието „За особен придонес во промовирање на македонската заедница во Албанија и во напредокот на односите меѓу македонскиот и албанскиот народ“, што го додели Унијата на албанските новинари, огранок Корча.

На свеченоста во Корча присуствуваа градоначалникот на Корча Сотираќ Фило, префектот на градот Корча, Ардит Кономи, претседателот на Унија на албанските новинари, Александар Чипа, главниот уредникот на весникот „Шќиптарја“, Анила Баша и новинари од Охрид.

Претседателот на Унијата на новинари од Корча, Ергет Ценоли изјави дека националните малцинства направија чекори за поздравување во медиумските перформанси. „

Имаме електронски весник „Македониум“, кој пренесува висока медиумска култура и непроценлив придонес во односите меѓу двата соседни народи, албанскиот и македонскиот“, рече Ценоли.

Во име на редакцијата на весникот „Македониум“ се заблагодари Васил Стерјовски.