Eрдоган ќе ја реконструира владата

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган планира да изврши реконструкција на неговата Влада по враќањето од Пакистан, изјави денеска претседателот на Турција, Абдула Ѓул.
Владата на Ердоган, која тој ја предводи над 10 години, ја тресе корупциски скандал.
Во рамки на антикорупциската полициска истрага се обвинети 24 лица блиски до Владата или владејачката Партија на правдата и развојот, меѓу кои и синовите на министрите за внатрешни работи и за економија, како и генералниот директор на државната „Халк банк“.
Весникот „Хуриет“ вчера објави дека Ердоган планира до крајот на декември да смени десет министри.