Ердоган планира голема реконструкција на владата

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган планира голема реконструкција на владата, по тензиите поради истрагата за корупција на високо ниво, објавија турските медиуми. Ердоган уште претходно планираше реконструкција на Владата во пресрет на локалните избори на 30 март следната година, а весникот „Хуриет“ денеска пишува дека се очекува премиерот до крајот на декември да смени десет министри. Министерот за внатрешни работи на Турција, Муамер Гулер, вчера на премиерот Ердоган му понуди оставка поради големиот корупциски скандал што резултираше со апсење на неговиот син и уште 23 лица. Турската полиција приведе десетици лица блиски до Ердоган, а владата смени околу 70 полицски инспeктори под обвинение за злоупотреба на службената положба.