Ахмети се сретна со германската амбасадорка Штајнакер

Претседателот на ДУИ Али Ахмети

Претседателот на ДУИ Али Ахмети во Тетово се сретна со со амбасадорката на Германија во Македонија Гудрун Штајнакер, како и со специјалниот претставник на Генералниот Секретар на ОН за Западен Балкан Питер Дју. Ахмети, како што се наведува во партиското сооопштение, го поздрави германскиот ангажман во спорот за името, посебно средбата на канцеларката Меркел со посредникот за името Нимиц. За да се постигне решение, страните треба да седнат на маса и да постигнат компромис околу последниот предлог на Нимиц, но тоа може да се постигне само со меѓународно посредништво.