Ерменскиот парламент го ратификува договор за гас со Русија

Ереван, гласање во парламентот, 23.12.2013

Ерменскиот парламент денеска го ратификува контровезниот договор со Русија во врска со природниот гас. Владејачките пратеници го изгласаа договорот и покрај бојкотот од опозицијата и протестите пред парламентот. Според договорот, Руски Газпром, кој и досега имаше 80 отсто од акциите на ерменската компанија за гас, ги добива и останатите 20 отсто, а ќе го контролира и целокупниот увоз на гас во Ерменија до 2043-та година.