Суспендиран градоначалникот на Тбилиси

Градоначалникот на Тбилиси, Гиги Угулава

Судот во Грузија го суспендира градоначалникот на Тбилиси Гиги Угулава поради истрагата што се води против него за проневера на државни фондови. Угулава, сојузник на поранешниот грузијски претседател Михаел Саакашвили, оцени дека станува збор за политички мотивиран процес. Откако партијата на Саакашвили загуби на парламентарните избори во минатата година, против повеќемина негови соработници се покренати истраги.