Ердоган во посета на Пакистан

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган допатува денеска во Пакистан на разговори за зајакнување на соработката меѓу двете земји во енергетскиот сектор. Во Лахоре, Ердоган, во чија придружба се и неколкумина министри и бизнисмени, ќе потпише договор за турска инвестиција за изградба на термо-централа. Пакистанскиот премиер Наваз Шариф вети серија даночни олеснувања за турските инвеститори. Утре Ердоган ќе престојува и во главниот град Исламабад, каде што исто така се очекува потпишување неколку договори од енергетскиот сектор.