Скопскиот аеродром и денеска затворен поради маглата

Густата магла и натаму го попречува авиосообраќајот од скопскиот аеродром „Александар Велики“. Откажани се сите полетувања, а дел од предвидените слетувања се пренасочени на аеродромот во Охрид.
Поради маглата намалена е видливоста до 50 метри на патните правци Петровец-Катланово-Скопје и Градско-Демир Капија.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во републиката се одвива тековно, по суви коловози. На планинските превои и осојничавите места коловозите се наместа влажни. Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани - Делчево, Виница - Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија - Удово и Катланово-Велес.