Временска прогноза-променливо облачно

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и претежно тивко. На повисоките места и на планините ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Претпладне по одделни котлини ќе биде магливо. Утринската температура ќе се движи од минус осум до нулата, а дневната од два до 11 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и тивко и со магла во претпладневните часови. Утринската температура ќе се спушти до минус четири, а дневната ќе се искачи до два степени.