Антивладини протести во Истанбул

Протести во Истанбул на 19 декември 2013 година.

Турската полиција денеска употреби водени топови и солзавец за да ги растера неколкуте стотици учесници на антивладините протетси во Истанбул, објави електронското издание на турскиот весник на англиски јазик „Хуриет Дејли Њуз“.

Демонстраните се собрале на плоштадот „Кадќој“ за да изразат незадоволство од владините проекти за изградба на мегаломански објекти, со што треба да се уништат поголеми зелени површини во градот.

На протестот беше изразено и незадоволство од, како што рекоа демонстрантите, „корупцијата во врвот на власта“, за што како пример ја посочија последната полициска антикорупцисја акција при која се уапсени синови на двајца владини министри и лица блиски до Владата и владејачката Партија на правдата и развојот (АКП).

На протестот на плоштадот „Кадќој“ учествуваа и претставници на неколку невладини организиации, како и на опозициската Републиканска народна партија и на курдската Партија за мир и демократија.

Учесниците на собирот извикуваа пароли против корупцијата и против владините градежни планови.