Најмалку 11 турски студенти загинаа во автобуска несреќа

Илустрација.

Најмалку 11 турски студенти загинаа, а 31 лица се повредени, во две автобуски несреќи во округот Кајсери во централна Турција, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“. Инцидентите се случиле вчера. Жртвите и повеќето од повредените се студенти од универзитетот Нигде, кои се враќале од зимување во планината Ерџиес. Првата несреќа се случила откако возачот на автобусот, кој патувал во градот Хаџалар, загубил контрола врз возилото и се удрил во електричен столб. Властите на Кајзери веднаш по несреќата соопштија за 11 загинати и 26 повредени. Кусо по првиот инцидент, втор автобус со студенти се судрил со возила на медицинските служби, кои се обидувале да им помогнат на повредените од првата несреќа. Во втората несреќа се повредени уште пет лица.