Двајца загинати и десетици повредени во два верижни судири во Србија

Две лица загинаа, а десетици се повредени денеска во два верижни судири со 36 возила во Србија, соопштија српските власти. Инцидентите се случиле 35 километри западно од Белград, на патот Е-70, кој ги поврзува главниот српски град и Загреб. Дел од повредените, кои се одведени во болници во градовите Рума и Белград, се во тешка состојба.

Движењето по автопатот е пренасочено по други патишта.

Во регионот каде што се случиле судирите имало густа магла.