Баерн светски клупски шампион

Фудбалерите на Баерн од Минхен се победници и на Светското клупско првенство, откако во финалето во мароканскиот град Маракеш го победија првакот на Мароко, Ража Казабланка со 2:0.
Головите ги постигнаа Данте и Тиаго во првото полувреме.
Ова е петта титула на баварците во текот на оваа година, по освоените првенство и куп на Германија, како и Лигата на шампионите и европскиот Супер куп.