Нападнат американски воен авион во Јужен Судан

Пентагон соопшти дека четворица американски војници биле повредени кога бил нападнат авионот со кој се обидувале да евакуираат американските граѓани од Јужен Судан. Авинот требало да се упати накај Бор, главниот град на Џонглеи, но мисијата била прекината при што авионот слетал во Уганда.
Портпаролот на војската на Јужен Судан, Филип Агуер изјави дека владините сили немаат контрола во Бор и дека најверојатно за нападот врз американскиот авион одговорни се одметнати војници.