Морси повторно пред судот во Египет

Мухамед Морси

Медиумите во Египет јавија дека соборениот претседател Мухамед Морси заедно со уште 132 притвореници ќе биде изведен пред суд поради бегството од затвор на членови на Муслиманското братство во 2011 година. Според најавите, во корист на одбраната ќе се појават и некои од лидерите на Муслиманското братство кои избегаа од затворот Вади ал Натрун за време на револтот против Хосни Мубарак. Морси кој беше соборен од власт во јули веќе се соочува со два други судски процеси.