Обама-Сноуден им нанесе штета на американските интереси

Едвард Сноуден

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека протекувањето на информации од страна на поранешниот разузнавач Едвард Сноуден за набљудувањето на домашни и странски владини претставници им нанело штета на американските интереси. Според него, тоа отворило важна дебата за балансирање на потребите на националната безбедност и личната приватност. Обама порача и дека некои промени може да бидат спроведени во однос на прибирањето информации од страна на Националната безбедносна агенција.