Брахими-Нема договор за учеството на Иран на конференцијата за Сирија

Пратеникот на Арапската лига и ОН за Сирија Лахдар Брахими

Пратеникот на Арапската лига и ОН за Сирија Лахдар Брахими изјави дека не бил постигнат договор за тоа дали Иран треба да присуствува на сириските мировни преговори во Женева на 22 јануари. Брахими го даде коментарот по вчерашната средба со американската и руската делегација во Женева.
Според него, Саудиска Арабија била на листата на околу 30 земји кои се поканети на конференцијата, но САД не биле убедени дека учеството на Иран е вистинската работа која треба да се направи.