САД испратија војници во Јужен Судан

Претседателот на Јужен Судан, Салва Кир

Американскиот претседател Барак Обама денеска соопшти дека Соединетите Држави испратиле 45-мина војници во Јужен Судан, кои се задолжени за обезбедување на американската амбасада во таа земја. Овие војници имаат задача да ги заштитат персоналот и имотот на САД во Јужен Судан и ќе останат таму се додека има потреба.