ХРВ: амнестиите не значат и подобра правда во Русија

Хјуман Рајтс Воч денеска оцени дека последните амнестии за некои затвореници не би требало да го сврти вниманието од неправдите во рускиот правосуден систем. „Амнестиите на поранешниот олигарх Михаил Ходорковски, двете членки на Пуси Рајот и на 30 членови на Гринпис всушност претставува ослободување луѓе кои никогаш не требаше да бидат затворени“, се наведува во соопштението на Хјуман Рајтс Воч.