Американски генерал доби отказ поради „лошо“ однесување во Русија

генералмајорот Мајкл Кaреј

Истражители на американските воздушни сили соопштија дека му бил даден отказ на командантот на американските интерконтиненталните нукеларни балистички ракети кој несоодветно се однесувал додека бил во официјална посета на Русија. Во извештајот се наведува дека генералмајорот Мајкл Кaреј бил пијан при што лошо се однесувал спрема неговите руски домаќини и го минувал времето со странски жени кои би можело да бидат шпионки. Тој престојувал во Русија во јули годинава.