Еврозоната се договори за банкарска унија

Лидерите на Европската унија го поздравија новодоговорениот механизам за решавање на тешкотиите со проблемитичните банки. Според оценките, новата централизирана агенција за спасување или за затворање на банките во 17 членки на еврозоната ќе помогне во решавањето нови финансиски кризи и ќе ги поштеди државите со свои средства да го стабилизираат финансискиот систем. Се оценува дека воспоставувањето банкарска унија е најамбициозниот чекор кон интегрирање на европската економија од усвојувањето на заедничката валута. Основа на банкарската унија е заеднички фонд кој 10 години ќе се полни од банките за да достигне сума од 55 милијарди евра. Средствата ќе се користат за спасување или банкрот на банките.