Конгресот на САД го усвои воениот буџет за 2014

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го усвои воениот буџет за идната година кој изнесува над 522 милиона долари. Буџетот е усвоен по компромисот постигнат меѓу Демократската и Републиканската партија. Буџетот на Пентагон предвидува зголемување на платите на американските војници за еден насто, како и пари за трансфер на затворениците од Гвантанамо на Куба во некоја друга земја. Над 80 милијарди долари ќе бидат издвоени за акции на американската војска, пред се во Авганистан.