Намален кредитниот рејтинг на ЕУ

Агенцијата „Стандард и Пурс“ денеска соопшти дека го намали кредитниот рејтинг на Европската унија од највисокиот спепен ААА на АА+. Според агенцијата, финансиските аранжмани на Унијата биле влошени и оти се намалила кохезијата меѓу членките. Сепак, како што се додава, финансиските изгледи на Унијата остануваат стабилни. Во истовреме, „Стандард и Пурс“ го потврдија нјвисокиот рејтинг „три А“ за Британија, оценувајќи дека владата е посветена на намалување на буџетскиот дефицит.