Путин го потпиша декрет за помилување на Ходорковски

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша декретот за помилување на затворениот поранешен олигарх Михаил Ходорковски. Во соопштението на Кремљ се наведува дека декретот стапува во сила веднаш. Вчера Путин изјави дека помилувањето е поради хуманитарни причини, бидејќи мајка му на Ходорковски била болна. Ходорковски беше уапсен во 2003 година откако се активира на руската политичка сцена. Тој беше осуден за даночно затајување, а потоа и за проневера. Од затвор требаше да биде пуштен во август идната година.