САД ја поддржуваат евроинтеграцијата на Македонија

„Соединетите држави остануваат посветени да им помагаат на оние земји што ги остваруваат нивните евроатлантски интеграции, вклучувајќи ги Македонија и Албанија. Со нетрпение го очекуваме денот кога овие земји целосно ќе се интегрираат во европските институции, што за возврат ќе ги продлабочи нашите односи и партнерство со нив“. Ова го изјави помошник портпаролот на американскит Стејт департмент Мери Харф на редовната прес конференција во Вашингтон во врска со последните одлуки на Советот на министри на Европската унија за евроинтеграциите на земјите од Запден Балкан. Деновиве евроминистрите ја одложија одлуката за датум за почетокот на преговорите со Македонија, како и одлуката за доделување кандидатски статус на Албанија.