ЕУ се уште подготвена да ја потпише спогодбата со Украина

Лидерите на Европската унија во нацрт финалната декларација од дводневниот самит во Брисел истакнуваат дека Унијата се уште е подготвена да ја потпише Спогодбата за асоцијација со Украина. Во декларацијата се наведува дека тоа ќе биде можно само доколку Украина ги исполни потребни услови за тоа. Киев ја изненади Европската унија откако одби да ја потпише Спогодбата кон крајот на минатиот месец. На самитот во Брисел се разговара и за заедничката одбрана, економските реформи и банкарската унија.