Вигенин: Бугарите не се просјаци во Британија

Шефот на бугарската дипломатија Кристијан Вигенин

Шефот на бугарската дипломатија Кристијан Вигенин денеска изјави дека бугарите не се просјаци во Британија. Тоа е своевиден одговор на најавата на Лондон за итно донесување мерки за ограничување на правата на европските доселеници на надомест за невработеност. „Бугарите не го искористуваат британскиот социјален систем, туку со својата работа повеќе даваат, отколку што добиваат“, изјави тој, осудувајќи го порастот на ксенофобијата во Европа.