Јанукович го правда договорот со Русија

Украинскиот претседател Виктор Јанукович денеска оцени дека договорот за кредит со Москва не е во спротивност со намерите за доближување до Европската Унија. Сепак, Јанукович истакна дека Киев ги анализира документите во врска со приклучувањето во царинската унија со Русија, а исто така бара модел за соработка и со Брисел и со Москва.