Скопскиот аеродром можеби ќе биде отворен попладне

Авионскиот сообраќај на аеродромот „Александар Велики“, во Скопје, кој од вчера е во застој поради временските услови, се очекува да се нормализира од денеска на пладне.
Изутрината нема ниту полетувања, ниту слетувања. Откажани се летовите од Загреб и Истанбул. Во текот на вчерашниот ден откажан е летот од Истанбул, а од Виена и Ајнховен се пренасочени кон Софија, а од Цирих, Дизелдорф и Љубљана кон Охрид.