Со жалба до Врховен против одлуката за обрежување

Една израелска жена поднесе жалба до Врховниот суд против правилата на рабините кои наредуваат да се обрежи нејзиниот едногодишен син. Израелското министерство за правда соопшти дека ова е прв случај од ваков вид. Не постои закон за задолжително обрежување за Евреите во Израел, но рабинскиот суд, кој претседавал со случајот на развод на жената минатиот месец месец пресудил дека таа мора да ја исполни таа желба на нејзиниот поранешен сопруг.